СОВЕТ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Согласно член 125 од Законот за спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, за целите на унапредување на меѓуинституционалната соработка, Владата на Република Македонија донесе Одлука за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање тероризам. Советот е составен од претставници на: Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за правда, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управа за финансиска полиција, Царинска Управа, Народна банка на Република Македонија, Управа за јавни приходи, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенција за пошти, Адвокатска Комора,Нотарска Комора, Инстут на овластени ревизори и Институт на сметководители и овластени сметководители.

Советот има обврска да ги координира активностите за спроведување на Национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, да ја унапредува функционалноста на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и да предлага активности за зголемување на неговата ефикасност, да ја следи реализацијата на заклучоците усвоени од Владата на Република Македонија кои се однесуваат на унапредување на политиката за борба против перење пари и финансирање на тероризам, а вклучено е и во подготовка на материјали и извештаи побарани и доставени до Moneyval Комитетот или други оценски мисии.